„Фузија“ е насловот на новиот проект во кој се вклучи СОУ „Љупчо Сантов“ а кој е поддржан од Еразмус + програмата на ЕУ. Учествуваат учесници од 6 држави Франција, Турција, Грција, Шпанија, Унгарија и Македонија. Претставниците на проектот од петте држави учесници една недела почнувајќи од 17 февруари ќе престојуваат во општина Кочани и ќе учествуваат во разни активности. Идејата зад проектот е да се подобрат ИКТ вештините на наставниците, нивните компетенции  и вклучување на корисни апликации во активностите во училницата. Основната цел на проектот е да им овозможи на училиштата учесниците да го подобрат квалитетот на образованието со што би им помогнале на учениците и би ги подготвиле подобро за иднината. Интегрирањето на технологијата во училницата и обезбедување на еднаков пристап до знаење и вештини за сите ученици е задолжително во 21 век, беше речено на активноста во кочанската гимназија.

„Јас сум координатор на проектот и можам да кажам дека голем бенефит ќе имаме од него и ние како наставници и учениците. Сега бевме во Софија и таму се работи на истиот проект и многу сме задоволни“, истакна  Хаџер Лајвела, координатор на проектот од Турција.

86970695_212581643258480_4200837903682633728_n

И од раководството на училиштето  истакнаа дека се задоволни што се учесници во проектот и дека бенефитот е обостран а посебно за учениците и наставниот кадар.

„Целта на проектот е да се научат нови ИКТ вештини кои што ќе ги користат професорите во наставата. Спецификата на овој проект е што не се вклучени ученици туку само наставници и директори од училишта од споменатите држави учесници. Голема благодарност до координаторката Лидија Коцева која што работеше за да бидеме дел од овој проект. Една недела гостите ќе работат на разни активности но ќе имаат можност да ги посетат сите знаменитости во Кочани, како и прошетка до преубавиот Охрид и главниот град Скопје“, рече Игор Христов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

И општината секогаш ги поддржува ваквите проекти кои се од корист на учениците и професорите.

За овој  проект „Фузија“  дојдени се вкупно 23 професори од петте држави учесници а учествуваат и 8 професори  од кочанското училиште. Гимназијата „Љупчо Сантов“  пред една недела беше домаќин на сличен проект под наслов „Временска машина“  исто подржан од Еразмус + програмата и за  кој престојуваа гости имаше од 5 други  држави.

87044433_205298167256101_8409347190186573824_n

86858048_2575639399377680_7683556575394398208_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари