Почитувани сограѓани,
Ве покануваме во Недела од 10:00 часот да излеземе што помасовно пред „Папер Мил“ и протестираме се додека не дојде министерот или заменик министерот и лично да вети дека ќе го реши проблемот со загадувањето од фабриката и со останатите загадувачи во Кочани, како и да престане сечењето и уништувањето на дрвата од „Осоговските планини“.
На влезот кон „Флорис“ ќе имаме штанд каде ќе можете да се потпишете за поднесување на тужба и барање отштета од „Папер Мил“ за досегашното труење на населението.
На самиот штанд ќе има и кутија каде ќе можете да донирате по своја желба со што ќе не подржите во понатамошното дејствување во вид на пуштање на писма, тужби, излегување на суд, печатење на флаери, и други известувања.
На истиот штанд ќе има и пристапници со кои ќе можете да се зачленете во граѓанското движење.
Дојдете и бидете дел од нас за почисто и поубаво Кочани.
Заедно сме посилни.
Граѓанско движење „GREEN“
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.