Едукативна работилница за програмирање како дел од новиот проект „Фузија“ во кој е вклучен и СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани се одржа во просториите на училишната установа. Истиот  е поддржан од Еразмус + програмата на ЕУ а учествуваат професори од 6 држави Франција, Турција, Грција, Шпанија, Унгарија и Македонија. Претставниците на проектот од петте држави учесници една недела почнувајќи од 17 Февруари престојуваат во општина Кочани и учествуваат во разни активности. На четвртиот ден од нивниот престој се одржа работилницата во која едукатор беше Сашко Андонов од компанијата „Течко Нет“ од Кочани.

„Јас сум во својство на едукатор. Преку едукативната работилница  професорите учеа за  основно  базично програмирање со програмскиот јазик „scratch“, а тоа е програмирање базирано со блокови.  Професорите ќе можат да го користат стекнатото знаење во нивната едукација со учениците и да остварат одлични резултати рече Сашко Андонов, компанија „Течко Нет“ .

Идејата на  проектот е да се подобрат ИКТ вештините на наставниците, нивните компетенции  и вклучување на корисни апликации во активностите во училницата. Основната цел на проектот е да им овозможи на училиштата учесниците да го подобрат квалитетот на образованието со што би им помогнале на учениците и би ги подготвиле подобро за иднината.

За овој  проект „Фузија“  дојдени се вкупно 23 професори од петте држави учесници а учествуваат и 8 професори  од гимназијата „Љупчо Сантов“ од Кочани.

72

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари