По потпишувањето на договорот помеѓу Швајцарската Амбасада, Министерството за животна средина, општините Виница и Кочани, како и јавните претпријатија од двете општини, за добивање грант од 260 000 швајцарски франци, одобрен од Швајцарската Конфедерација, за изработка на планско-техничка документација за поврзување на градот Виница и селата Истибања, Јакимово, Лески, Оризари и Тркање, со пречистителната станица за отпадни води во село Мојанци, денес во кабинетот на градоначалникот Димитров се оствари и втората работна средба со претставниците од Швајцарската Амбасада.

На денешната средба со стручните лица од ЈКП „Солидарност“ и општина Виница, двете страни ги договорија натамошните чекори во финализирање на овој проект.
Општина Виница во најкраток можен рок треба да изготви инфраструктурен проект со кој ќе може да аплицира преку ИПАРД 3 Програмата за добивање дополнителни финансиски средстства за изградба на инфраструктурна мрежа од цевководи за поврзување на градот Виница и горенаведените села со пречистителната станица во село Мојанци, која е пуштена во употреба во јули минатата година на површина од 11 ха опремена со високо софистицирани уреди со кои се овозможува отпадните води од Кочани да не се слеват во река Брегалница туку да се третираат во Станицата во Мојанци.

88

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари