Неколку стотина граѓани денес се собраа пред фабриката „Папер мил“ во Кочани со цел да го искажат своето незадоволство против нон-стоп испуштањето на црн џад од оџакот на фабриката со кој се загадува воздухот и претставува голем проблем при дишењето особено на жителите кои живеат во негова непосредна близина.

Иако протестот уредно беше најавен од Граѓанското движење „GREEN“ никој од менаџерскиот тим не излезе пред насобраниот народ за да ги слушне нивните проблеми кои станаа секојдневие на живеењето во Кочани.

Организаторите на протестот од страна на дежурните лица од обезбедувањето на фабриката беа известени дека во фабриката нема ниту еден од менаџерскиот тим така и да бидат овде цел ден нема со нив кој да разговара.

Сепак протестот беше искористен за да се соберат потписи од граѓаните кои ќе послужат при покренувањето на тужба против „Папер мил“.

Од Граѓанското движење „GREEN“ најавија дека тие овде нема да застанат туку ќе продолжат со протестите и во иднина, но не само пред „Папер мил“ туку и пред сите други загадувачи на воздухот во Кочани.

С. Ивановски

DSC_3498

DSC_3504

DSC_3518

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари