Со низа активности во кои зедоа учество и извидници од Извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани беше одбележан „Светскиот ден на извидниците“.

Имено, во организација на „Сојузот на извидници на Македонија“ а по повод „Светскиот ден на извидниците“ беше организирано дружење во домот „Даре Бомбол“ кое се наоѓа на Средно Водно.

Голем број од извидниците а ги имаше околу 300 од 20 извиднички одреди од Македонија по церемонијата на свеченото отворање изразија желба свечено да го повторат својот завета, додека новите членови во извидничките одреди за прв пат ја дадоа свечената заклетва и се вклучија во најголемото извидничко семејство.

По дадените свечени заклетви беше организиран хајкот до врвот на „Водно“ каде иако беа ниски температурите, сепак извидниците со топол чај знаеја и те како да се забавуваат.

Извидниците од „Ластовица“ – Кочани го искористија овој настан за да го посетат и „Музејот на илузии“.

С. Ивановски

53

56

54

51

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари