Во Сабота стартуваат натпреварите од пролетниот дел на првенството во Првата Фудбалска Лига за жени. И на самиот старт веднаш проблеми за клубовите. Поради почетокот на подготовките  на А Репрезентацијата на Македонија натпреварите наместо во Недела се закажани ден порано, така да поради зафатеност на теренот во Кочани ЖФК „Кочани“ својот натпревар од 14-тото коло против екипата на „Тиверија“ ќе го игра во Виница.

Есенскиот шампион „Каменица Саса“ ја дочекува екипата на СЦ „Истатов“, а додека „Драгон“ и гостува на „Речица“.

Двојки од 14-тото коло:

„Кочани“ – „Тиверија“

„Каменица Саса“ – „СЦ Истатов“

„Шкенидија“ – „Топ Гол“

„Љуботен“ – „Деспина Прилеп“

„Речица“ – „Драгон“

„Ас Јунајтед“ – „Борец“

Натпреварот во Виница започнува во 12:00 часот

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари