Натпреварот од 15-тото коло „Осогово“ – Беласица“ кој е закажан за во Сабота со почеток во 14:00 часот ќе се игра пред празни трибини, односно без присуство на публика.

Информацијата е согласно дописот на ФФМ испратен до фудбалските клубови од Првата Македонска Фудбалска Лига и двете Втори Фудбалски Лиги кој гласи:

„По добиената препорака од Владата на Република Македонија до сите спортски институции, натпреварите во периодот до 6. март 2020. да се играат без присуство на публика, Фудбалската федерација на Македонија официјално потврдува сите натпревари од 21. коло на Прва МФЛ и 15. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад ќе се одиграат без присуство на публика.“ 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари