СВР Штип поднесе кривична пријава против М.С.(30) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Пријавениот како затвореник во КПД- Штип во текот на месец јануари 2019 од непознато лице во КПД-Штип набавил марихуана, ја препакувал во десет најлонски ќеси и заради продажба ја држел во ќелијата во која престојувал каде на 11.01.2019 при претрес од страна на затворските чувари истата му била пронајдена.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари