Некогашниот борач на БК „Спартак“ Иван Јанев кој моментно ги брани боите на БК „Бучим“ од Радовиш стана Државен првак во борење во сениорска конкуренција.

Јанев денес учествуваше на „Државното првенство во борење“ кое се одржа во Прилеп и во категоријата до 61 килограм со пет победи од исто толку борби ја понесе титулата „Државен првак“.

Првенството успешно го организираше Боречката Федерација на Македонија со техничкиот организатор БК „7-ми Мај Леов“од Прилеп.

С. Ивановски

41

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари