Со одигрувањето на натпреварите од 14-тото коло започна пролетниот дел од првенството во Прва Фудбалска Лига за жени.

Кочанчанки лошо го продолжија првенството. Тие денес на „Градскиот стадион“ во Виница доживеаја вистинска катастрофа од еден од претендентите за освојување на Шампионската титула, екипата на „Тиверија“ од Струмица.

Лидерот на табелата и есенскиот шампион „Каменица Саса“ со тесна победа над „СЦ Истатов“ остана на лидерската позиција.

„Деспина Прилеп’ и „Драгон“ славеа на гостински терен во Тетово и Куманово, додека на останатите натпревари победија домаќините.

За одбележување во ова коло е првата победа што ја оствари екипата на „Плачковица“.

Комплетни резултати од 14-тото коло:

„Кочани“ – „Тиверија“  0:17

„Каменица Саса“ – „СЦ Истатов“  2:1

„Шкенидија“ – „Топ Гол“  4:1

„Љуботен“ – „Деспина Прилеп“  0:7

„Речица“ – „Драгон“  0:2

„Ас Јунајтед“ – „Борец“  5:1

„Плачковица“ – „Атлетико“  3:2

С. Ивановски

555

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари