Така им било судено на спортските клубови од Кочани на почетокот на пролетната сезона.

По отворањето на пролетниот дел на првенството со пораз на фудбалерките и фудбалерите на ЖФК „Кочани“, односно ГФК „Осогово“, денес им се придружија и пингпонгарите на „Кочани“.

Кочанчани во осмото коло или првото пролетно загубија во Крива Паланка од истоимениот клуб кој важи за еден од најголемите претенденти за освојување на првото место.

Пингпонгарите загубија со 2:4, но не разочараа, покажаа дека за секој противник ќе бидат „тврд орев“ во првенството.

Одиме понатака.

С. Ивановски

21

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари