По донесувањето на Деталниот Урбанистички план минатата година, урбанизацијата на еден од најатрактивните делови во Виница, индустриската зона ИЛА е во полн ек.

По неопходното тампонирање, денес се асфалтира улицата која е во должина од 380 метри.

„Денес го асфалтираме патот во м.в. Ила во должина од 380 метри, улицата е со тротоари и соодвтно тампонирање, како и улично осветлување. Практично, со изградбата на оваа улица овде, стартува и изградбата на првата социјална зграда во Виница, чии камен темелник ќе го официјализираме за неколку дена“, изјави градоначалникот Ивица Димитров.

Инаку, во новата индустриска зона, покрај социјална зграда и куќи за домување , предвидена е и изградба на лесна и незагадувачкла индустрија.

Според најавите, после Илата, асфалтирањето треба да продолжи на регионалниот пат Виница-Градец во должина од 3 км, како и проширување на истиот .

Општина Виница

52

 

53

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари