Денеска Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев во Владата на Република Северна Македонија со Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија потпиша Меморандум со кој Општина Кочани од државата ќе добие неповратни 980.472 евра за изградба и рехабилитација на локални патишта.

Средствата ќе бидат наменети за улиците „Тодосија Паунов“, „Раде Кратовче“ и „Гошо Викентиев“.

С. Ивановски

99

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари