Од година во година се поголема е заинтересираноста на полициските службеници да бидат хумани и да даруваат крв. Крводарителска акција спроведе полицијата од Кочани во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Оваа е прва од планираните три крводарителски акции согласно годишниот план и програма за 2020 година. Полициските службеници ја покажаа својата хуманост, акцијата помина успешно со дарувани 27 единици крв.
„По планот и програмата за работа во оваа 2020 година ќе реализираме три крводарителски акции. Оваа е прва и помина многу успешно“, рече Санде Спиров, полициски службеник во ПС Кочани.
Кочанската полициска станица годишно реализира три крводарителски акции. Втората ќе биде спроведена во месец јуни, а третата и последна за оваа година ќе биде спроведена во ноември.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.