Во текот на денешниот ден до нашиот портал стигна известување од група на родители кои се жалат на како што истакнуваат во известувањето на дискриминаторскиот однос врз дел од учениците во ОУ „Никола Карев“ од страна на дел од наставничкиот кадар.

Наведуваат дека во училиштето одредени наставници немаат ист однос кон сите ученици од исто одделение, туку дека учениците на побогатите родители имаат поинаков третман од оние чии родители се со пониско образование или со помал семеен буџет.

Особено ова било изразено кај некои од учениците од прво до четврто одделение.

Дали наведените обвинувања во известувањето што го добивме се точни или не, не можеме да потврдиме во моментот, но поради фактот што повеќе родители се потпишани мора да се почитува поговорката „каде има дим, има и оган“.

Ако и вакви нешта се случуваат во образовниот процес во 21-ви век е премногу и поразително.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари