Утре (Сабота) на програмата се натпреварите од 16-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток.

Екипата на „Осогово“ е пред тешко гостување во Гевгелија каде домаќин ќе и биде „Кожуф“.  Гевгеличани важат за една од најдобрите екипи во овој ранг на натпреварување и со малку среќа можат лесно да се изборат и за место кое води еден ранг повисоко.

Во Македонска Каменица натпревар кој директно одлучува која екипа ќе го сочува второлигашкиот статус.

„Брегалница“ пред голем предизвик во Прилеп како и „Тиквеш“ во Пехчево. Во Струмица домаќинот голем фаворит за освојување на нови три бода и зачувување на челната позиција.

Двојки од 16-тото коло:

„Кожуф“ – „Осогово“

„Каменица Саса„ – „Плачковица“

„Победа“ – „Брегалница“

„Кит Го“ – „Тиквеш“

„Беласица“ – „Питу Гули“

Натпреварите започнуваат во 14:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари