Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани, во соработка со Општина Кочани и Полициска станица – Кочани, спроведоа акција  „100 каранфили за учесничките во сообраќајот“.

Претставници од ОСБСП – Кочани како и дел од вработени во Општина Кочани и Полициска станица – Кочани со подарувањето на 100 каранфили на исто толку учеснички во сообраќајот од понежниот пол им го честитаа Меѓународниот ден на жената – 8.ми Март при тоа посакувајќи им безбедно учество во сообраќајот.

Акцијата беше организирана на улицата „Тодосија Паунов“ (кај автобуската станица).

С. Ивановски

8384

82

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари