СДСМ ги објави листите со имињата на кандидатите за пратеници од нивните редови за претстојните Вонредни Парламентарни избори.

СДСМ од Кочани доби едно место зад кое стои името на Марија Ангелова. Таа е осма што дава реални шанси за влез во следниот парламентарен состав.

Инаку Марија Ангелова е долгогодишен член на СДСМ и поставувањето на листата за пратеници е круна на досегашниот нејзин ангажман во партијата.

Моментно Ангелова која по професија е правник ја извршува функцијата, Раководител на Подрачната Единица на Фондот за здравство во Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари