Вечерва ВМРО ДПМНЕ ги објави листите за пратеници од нивните редови за претстојните Вонредни Парламентарни избори.

ВМРО ДПМНЕ од Кочани доби едно место зад кое стои името на Миле Лефков. Тој е седми на листата што дава реални шанси за влез во следниот парламентарен состав.

Инаку Миле Лефков е долгогодишен член на ВМРО ДПМНЕ  а моментно е Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани и поставувањето на листата за пратеници е круна на досегашниот негов ангажман во партијата.

Инаку Лефков професионално е вработен како редовен професор во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари