Една од најфреквентните сообраќајници во општина Виница, патот од Виница до село Градец кој важи за еден од најтесните патни правци во катастрофално лоша состојба, до крајот на неделава треба да добие нови димензии и нов асфалт. Денес започна проширувањето на истиот од досегашните 4 на 5 метри, што впрочем ќе значи многу за сите оние кои секојдневно сообраќаат на релација Виница- населба Градец, па село Градец.

Градоначалникот Димитров заедно со претседателот на месната заедница во село Градец Станко Спасов ги следеа тековните градежните активности на фирмата изведувач.

„Продолжуваме со градежните инвестиции во општината, откако пред неколку дена го завршивме асфалтирањето во м.в. Ила, денес градежната механизација веќе работи на проширување на патниот правец Виница -Градец, а деновиве ќе бидат асфалтирани три километри од излезот на Виница до влезот на село Градец. За овој значаен инфраструктурен зафат издвоивме општински средства во висина од 2.600 000,00 денари од Буџетот на општина Виница“, рече Димитров.

Во овој дел од општината, лоцирани се и неколку индустриски и угостителски капацитети, а не ретко овој патен правец е пешачка зона за сите оние кои сакаат рекреација. Од општината во најава е и уредување на просторот за пешачење, а од неодамна е покрената иницијатива и за оплеменување на просторот околу Дивата топола.

Општина Виница

112

113

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари