На четирите детски игралишта што се градат во Кочани и во Грдовци се изведуваат работите за поставување  јавно осветлување.

Во најнапредна фаза се активностите на игралиштето на улицата „1 Мај“, во Белското Маало, каде ќе бидат вградени осум канделабри и еден столб за јавно осветлување.

На ова игралиште кое е со површина од 900 метри квадратни, се поставени клупите и се засадени зимзелени и листопадни садници.  Овој простор ќе добие и летниковец, а наскоро ќе бидат поставени и реквизитите: тобогани, нишалки, клацкалки и друга опрема за игра и забава на децата.

Најголема површина од 1150 метри квадратни за детско игралиште се уредува во населбата Драчевик, во непосредна близина на локацијата за новата детска градинка. Спроти Ветеринарната станица се завршува мала инсталација, а на влезот во селото Грдовци игралиштето е на 720 метри квадратни, површина која веќе е уредена и на која наскоро ќе се постават детските играчки и летниковецот.

112

113

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари