Почитувани,

Ве известуваме дека привремено се укинуваат приемните денови и прием на странки во општина Виница, во сите сектори и одделенија на локалната самоуправа.

Ова е резултат на превентивните мерки издадени од Владата на Република Северна Македонија и Министерство за здравство, со цел да има помала фреквенција на лица во институциите и да се спречи ширењето на коронавирусот.

Сите заинтересирани граѓани можат да продолжат со секојдневна комуникација со Општината, преку официјалната e – mail адреса ovinica@t.mk и телефонскиот број 033/361-945, како и на социјалните мрежи.

Ви благодариме на разбирањето!!!!!

ОПШТИНА ВИНИЦА

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари