Лефков се откажа од платата, ја повика и Директорката на Фондот за здравство во Кочани да го стори истото.

Почитувани сограѓани,

На ден 11.03.2020 година, од страна на “Коалицијата за Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ на местото број 7, бев номиниран за пратеник на листата за пратеници во Собрание на Република Македонија во изборната единица три, предводена од генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев.

Заради фер и демократско водење на политичката кампања која им престои на предвремените парламентарни избори 2020, ја известувам јавноста дека ќе поднесам барање работниот однос да ми биде ставен во мирување во периодот од почетокот на кампањата 23.03.2020 година па се до денот на одржување на изборите 12 април 2020 година. Во периодот во која ќе се води кампањата се откажувам од плата, надоместоци на плата и придонеси.

Силно сме уверени во голема победа на ВМРО ДПМНЕ а барањето го поднесувам од етички причини, сметам дека е потребно да се создадат услови за фер и демократска кампања од која зависи иднината на Македонија.

Вистински фер е кога е “фер за сите“. Од тие причини јавно упатувам апел и барање до кандидатот од Kочани на листата на СДС за ИЕ 3, Марија Ангелова која е актуелен директор на Фонд за здравствено осигурување во Кочани, додека е во кампања да не користи државни ресурси и да не прима плата, на овој начин да дадеме пример и да создадеме услови за фер камапања.

За нас во ВМРО ДПМНЕ ова не преставува трка за привилегии туку напротив, заложба за подобра и Обновена Македонија, следува голема победа секаде во Македонија а најголема токму овде во ИЕ3 и во Кочани.

Ви благодарам

Претседател на ОК Кочани и кандидат за пратеник на листата на “Коалиција за Овнова на Македонија”
Миле Лефков

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари