Дваесет дрвени куќички за птици, донација од компанијата „Ледер“ од Кочани денес волонтери од Здружението на граѓани „Green“ од Кочани ги поставија на дрвјата во „Паркот на Револуцијата“.

Со поставувањето на овие куќички постојаните жители во паркот си добија свој кров над главата што е уште една прекрасно реализирана идеја.

Да се надеваме дека овие домови за птици кои моментно му даваат посебен шмек на паркот и на кејот покрај „Кочанска Река“ ќе доживеат долг век или пак како и повеќето вакви убави нешта некој несовесен граѓанин ќе сака бесот да го фрли кон нивно уривање.

Сепак надежта е дека совеста ќе проработи и дека ќе останат долг период онаму каде што денес беа поставени.

Благодарност до glasno.mk за отстапените фотографии

С. Ивановски

54

52

53

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари