Владата  на  Република Северна Македонија како превентива од ширењето на коронавирусот на денешната седница меѓу другото донесе и одлука за  забрана на јавни и приватни собири, одржување на спортски натпревари како и на концерти и други културни манифестации,

Угостителските објекти како пицериите и кафулињата сместени во Градскиот Трговски Центар во Кочани очигледно е дека ја сфатија сериозноста на пораката па сите свои објекти во 18:00 часот ги затворија.

Објектите не работат, платото во Градскиот Трговски Центар остана пуст а останаа празни и поголемиот дел од паркинг просторите.

Потегот на сопствениците на угостителските објекти е за поздравување.

Благодарност до Иле Матеничарски за фотографиите

С. Ивановски

62

63

64

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари