Механизацијата на изведувачот „ВИА инженеринг“ – Вевчани, работи на расчистување на теренот и широк ископ на парцелата каде што почна да се гради новата градинка во населбата Драчевик.

Претходно, теренот е подготвен за градба, ограден е, приклучени се вода и електрична енергија за градежните потреби.

Според стручните служби, работите ќе продолжат со ископ на темели.

Новата градинка во населбата Драчевик е во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги кој се реализира од страна на Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска банка, со цел да се зголемат капацитетите за сместување на деца од претшколска возраст.

Според договорот, за изградба на градинката се предвидени 16 месеци.

gradinka 2

gradinka 3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари