Почитувани ,

Како здружение кое се грижи да го направи град Кочани подобро место за живеење за сите, и покрај сите напори да ги сменеме навиките на граѓаните одговорно да се однесуват кон урбаната опрема и подигање на еко свеста, пред некој ден спроведовме акција за поставување на куќички за птици на дрвата покрај кејот на реката, паркот и трговскиот центар. Покрај сите апели и кампањи денес сме сведоци дека хулиганското однесување на поединци не можеме да го промениме.

Вечерва неколку од поставените куќички се уништени.

Бараме од Општина Кочани и надлежните институции да покренат постапка и да ги пронајдат сторителите преку видео надзорите кој се поставени на дуќаните и најстрого да бидат казнети!

Со почит,

Невладина организација Грин

4142

4344

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари