„Во последниот период кога и да заврне дожд можеме многу јасно да ги видиме сите недостатоци на нашата улица. Од направените вдлабнатини на асфалтот не можеме со возилата да си поминеме по улицата. Ги молиме надлежните во општината да најдат начин, да дојдат, да ги отстранат овие недостатоци за да и ние не стравуваме за нашите возила и за нашата безбедност“ вака гласи прилогот што ни го испрати наш читател кој живее на улицата „Кирил и Методиј“ во Кочани.

Штетата која се гледа на фотографиите е веднаш на улицата зад зградата на „Општа болница“.

Јасно се гледа дека се изведувани некои работи околу шахтата на улицата а како што ни беше објаснето проблемите не се појавиле веднаш туку со тек на времето.

Во моменти кога во општината има градежна експанзија со асфалтирање или бетонирање на улици сигурно е дека ќе се најде време и средства да се отстрани и овој проблем, кој вака на фотографиите не е голем, но за оние кои ја користат улицата е навистина й те како е голем.

С. Ивановски

5554

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари