Министерството за здравство информира дека и вториот, повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип е негативен на коронавирусот.

И првиот тест на пациентот од Кочани беше негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, тестирањето беше повторено. Сите седум лица тестирани денеска се негативни на вирусот и нема нови пациенти позитивни на коронавирус во земјата.

ИЗВОР: MИА

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари