Следејќи ги владините мерки за избегнување собири на поголема група на луѓе општините Кочани и Чешиново-Облешево во соработка со кризните штабови донесоа одлука пазарите во Облешево, односно Кочани да бидат привремено затворени.

Веќе утре (Вторник) сточниот пазар во Облешево нема да работи исто како и пазарот во Кочани кој е во Четврток.

Жителите ќе можат да се снабдат со потребните производи од зелените пазарчиња или пилјарите.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари