Денес бевме информирани од неколку наши сограѓани кои преку порталот со пораки кои преку телефон се со цел да се напише збор-два околу покачувањето на цените на одредени артикли.

Како што не информираат, во мини маркетите или во т.н. маалски продавници сопствениците ги тргале цените од рафтовите за да наплаќаат по нови и тоа не малку повисоки од претходните и исклучиво на артиклите кои најмногу се бараат: брашното, зејтинот, шеќерот, јајцата и други продукти кои на луѓето им се дел од секојдневната исхрана.

Апелираме од име на граѓаните на терен да излезат инспекторите а заедно со нив и од организацијата на потрошувачите се со цел да ја скенираат вистинската состојба и да постапат согласно законските прописи.

Се надеваме дека апелот ќе дојде до надлежните и дека уште утре тие ќе излезат на терен бидејќи вака работите ќе не однесат во еден друг правец.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари