Во врска со актуелната состојба со болеста КОВИД-19, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев апелира на совесно однесување од граѓаните за да се избегнат несаните последици. Во повикот стои:

„Триесет и тројца жители на Општина Кочани се наоѓаат во домашна изолација, како задолжителна мерка за заштита од коронавирусот. Повикуваме одговорно и сериозно да се придржуваат кон оваа мерка и да ја применуваат без какви било отстапки. Ги повикуваме сите лица кои претходниов период патувале во високоризичните и средноризичните земји, да се самоизолираат. Сите жители да ги почитуваат мерките и прораките од Министерството за здравство и Светската здравствена организација. Избегнувајте непотребни контакти, не се собирајте во групи, не излегувајте без потреба. Не дозволувајте полициските или медицинските служби да ве опоменуваат поради вашето несовесно однесување! Непочитувањето на препораките за заштита од болеста КОВИД-19 е казниво!“ стои во повикот од градоначалникот Илијев.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари