Денес бевме информирани дека сите препораки не се почитуваат подеднакво од страна на населението.

Имено како што бевме информирани препродавачите веќе ја покачиле цената на брашното за пекарите, така да ако пред некој ден брашното им го продавале по цена од 17.50 денари, деновиве истото им се нуди по цена од 22,00 денари што значи дека зголемување има и дека цените не се вратени на денот (11 Март) кога СЗО прогласи пандемија.

И додека внимателно го слушавме нашиот соговорник по улицата „Димитар Влахов“ поминаа 4-5 такси возила од кои само во едното возачот носеше маска што покажува дека и таксистите не ги почитуваат подеднакво препораките.

Иронијата да биде поголема на тротоарот на самата улица имаше и униформирано лице кое како да не беше заинтересирано да погледне кон такси возилата.

Ако се продолжи вака со самоволие залудно ќе биде и седењето дома  и препораките на Владата, бидејќи одговорноста ќе биде заедничка и за тие што не ги почитувале препораките но и за тие кои не го пријавиле непочитување.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари