По вчерашното поднесување на пријави против две лица поради непочитувањето на мерката за самоизолација, денес вработените од Полициска станица – Кочани до Јавното Обвинителство ќе достават уште три додека девет чекаат доработка.

Имено денес полициски службеници продолжиле да ги посетуваат домовите на лицата кои при влез во државата потпишале изјава дека ќе бидат во самоизолација а тројца од тие за кои ги имаат добиено изјавите дома не се најдени, па против истите е изготвена комплетна документација која ќе биде препратена до Јавното Обвинителство за понатамошна применување на законските мерки.

Денес и други девет лица кои се дојдени од државите со висок и средно висок ризик не се најдени во домашна самоизолација. За истите е побарано документација од граничните премини на кои поминале што значи дека нивните предмети се на доработка, а се ќе се знае во текот на утрешниот ден.

За потсетување само, во текот на вчерашниот ден поднесени се кривични пријави за две лица за непочитување на мерката самоизолација кои заедно со денешните три бројката ја искачиле на пет. Казната за непочитување на оваа мерка изнесува 2.000 евра во денарска противвредност.

Вработените од Полициска станица – Кочани продолжуваат со несмалено темпо неколкупати дневно да ги проверуваат лицата кои се дојдени од други држави се со цел да утврдат дали ги почитуваат пропишаните мерки.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари