Време е кога поради моменталната состојба се препорачува седење дома а излегување само за неопходните потреби, набавка на храна.

Време е кога трговците т.е. препродавачите со раширени раце го дочекаа.

Но, време е конечно и пазаришните инспектори и од Организацијата на потрошувачи да излезат на терен и да си ги заработат платите.

Покачувањето на цените и покрај препораките сепак некаде не се почитува, а особено е интересна приказната на пазарите или кај пилјарите, односно препродавачите.

Зголемувањето цената на лимоните за 300% во само три дена е феномен од светски размери, феномен кој ги остави оние кои им се потребни со подотворена уста. Се лови во матно а тоа никој не го засегнува.

Епа вака, оние што ги повикавме да конечно излезат на улица и да си ја заработат платата да проверат дали сите пилјари издаваат фискални сметки, дали цената на набавката на производите им е од датум после 11-ти март и што е најважно дали имаат набавено роба со документ или како и вообичаено купуваат и препродаваат на црно.

Време е инспекторите и од Организацијата на потрошувачи да ги заштитат потрошувачите, да излезат, да казнуваат ако е потребно без притоа да се пазарат со оние кои сакаат на маката на народот да дојдат до поголем капитал.

Така ќе не биде, во спротивно ……

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари