Деновиве е зголемен бројот на странци во градот, а голем дел од нив или нивни блиски излегуваат од своите домови и се упатуваат до судот и органи на локална самоуправа и други државни органи наместо да бидат во домашна изолација.Таков беше случајот од пред некој ден кога лице наместо во самоизолација се јавило во просториите на Основниот суд во Кочани .Со цел да се сведат на минимум излегувањето од дома адвокатската канцеларија на Адвокат Иван Лефков од Кочани понуди бесплатна онлајн адвокатска помош . Во продолжение Ви го пренесуваме целиот текст од неговиот профил :

Почитувани!

Адвокатската канцеларија на адвокат Иван Лефков од Кочании, Ви стои на располагање за да ви бидат дадени упатства како онлајн можете да превземете дејствија од нашиот делокруг на работа и тоа телефонски ,online,по пошта или организирано со најмал број излегувања и задржувања надвор за да се изврши неопходното дејствие во корист на повеќе граѓани.

Поради новонастанатата состојба со Coronavirus (COVID-19) ,ве повикувам сите кој имате намера да излегувате од вашите домови заради превземање дејствија пред суд,нотар,органи на локалната самоуправа,подрачни оделенија на Агенцијата за катастар на недвижности,Централен регистар на РМ,Управа за водење на матичните книги ,МВР и други државни органи и организации а имате дилема во врска со роковите за превземање на дејствијата, се двоумите дали со пропуштањето на превземеното дејствие ке имате некаква штета,или имате друга неопходна потреба од правна помош ВЕ ПОВИКУВАМЕ ПРЕД ДА ГО НАПУШТИТЕ ДОМОТ да ме контактирате ( на емаил или на мојот facebook профил наведени подолу ) се со цел да ви укажам дали вашето излегување е неопходно се со една единствена цел се намали непотребното движење до овие органи од причина што можеби дејствието кое треба да го превземете воопшто не е итно а можеби постои и алтернативен начин за превземање на истото кој вие не го знаете.

Останете дома ,Здравјето пред се!

Со почит Адвокатска канцеларија Лефков Кочани
Адвокат Иван Лефков
Ул.Маршал Тито ( над Сетек на 1ви кат )
Email:advokatlefkov@gmail.com
Facebook>Адвокатска канцеларија Лефков

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари