Денес уште две лица заработија пријави поради непочитувањето на мерката за самоизлоцаија, така да бројката на пријавени по претходните пет се искачи на седум лица.

И двете лица при влез во државата на граничниот премин потпишале изјава дека ќе бидат во самоизолација, но за жал по неколкуте проверки од страна на полициски службеници кои не ги нашле во нивните домови поднесена им е пријава.

Полицијата продолжува да го посетува во различни термини сите оние кои при влез во државата се изјасниле или пак им било кажано дека треба да ја почитуваат владината мерка за седење дома.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари