Како една од мерките за заштита од коронавирусот што по иницијатива на Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев денес се реализираше, беше затворањето на детските игралишта.

Со помош на Територијалната Противпожарна Единица – Кочани, во градот денес сите детски игралишта беа заградени со црвена лента како предупредување за најмладата популација и на нивните родители дека не смеат да ги користат за дружење и игра се до донесувањето на нова одлука.

Ваквиот потег беше инициран откако минатите денови родители и роднини во голем број се собираа во детските игралишта каде ги чуваа своите поколенија кои на убавото мартовски сонце безгрижно уживаа во нивната игра.

С. Ивановски

71

73

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари