Додека едни рушеа објекти на улицата „Стево Теодосиевски“ поради изменувањето на улицата во булевар вработени од КЈП „Водовод“ садеа садници на предвидените места на тротоарот на улицата.

Посадени се 11 брези кои треба да дадат посебен белег на булеварот.

Како што не информираат од КЈП „Водовод“ во првиот ден од следната седмица млади насади ќе се садат и на улицата „Гоце Делчев“ поточно од спротива на зградата на „ЕВН“ па се до Џамија „Дуди Хамун“.

Уште пред неколку години на овој потег беа посадени садници, но „ноќните ангели“ сето тоа го уништија.

Да се надеваме дека овој пат и самото население ќе ги заштити.

С. Ивановски

56

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари