Вработени од КЈП „Водовод“ продолжуваат да вршат дезинфекција на улиците во градот.

Во текот на вчерачниот и денешниот ден извршена е дезинфекција на улиците и контејнерите во „Трајаново трло“, „Усова чешма“, во населбата „Недопирливи“ и на улиците што гравитираат околу некогашниот објект на „Колор“.

За утре е предвидено да се врши дезинфекција во централното градско подрачје а веќе од првиот ден на следната седмица според утврдениот план и улиците кои се на периферијата од градот.

Дезинфекцијата се врши со вода во која има растворено одредена количина на дезинфекциони средства.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари