Недостигот на заштитни маски во аптеките а и нивната препродажба по доста високи цени по кои обичниот граѓанин не може да си дозволи да ги купи а сепак му се потребни иницираше неколку текстилни компании да почнат да ги шијат, да ги дезинфицираат и да им ги отстапат на користење на сите оние на кои во овие времиња и те како им се потребни.

Текстилната компанија „Даниел Кристенсен“ од Кочани од тековната седмица почна да ги шие и да им ги даде на располагање на оние кои имаат потреба од тоа.
„Соочени со глобалната пандемија на Covid-19 и недостигот на средства за  заштита, одлучивме како општествено одговорна компанија да изработиме  заштитни маски кои бесплатно ќе им бидат поделени на граѓаните кои не  успеале досега да ги обезбедат, како и на вработените во Општа Болница,  Министерството за Внатрешни Работи, Армијата и Против Пожарната Единица  кои се први на удар во одбрана на здравјето и сигурноста на граѓаните. Само во изминатата недела на локално и државно ниво поделивме околу  5.000 заштитни маски за повеќекратна употреба кои можат да се перат и  дезинфицираат. Покрај малиот капацитет на нашата компанија работиме во  полна пареа и секоја произведена и стерилизирана количина веднаш се  доставува на институциите и граѓаните. Очекуваме оваа недела да ја дуплираме количината и да им помогнеме на останатите  во општината и државата. Аплеираме иницијативата која ја зпочнавме пред неколку недели да ја  следат и останатите компании независно од нивната дејност да помагаат на  опшеството на секој можен начин. Засегнатите граѓани и институции можат да не контактираат лесно на  социјалните мрежи како и на меил info@daniel-kristensen.com. Со почит“ изјавија од компанијата „Даниел Кристенсен“ главните творци на оваа идеја која наиде на позитивни оценки кај сите, не само во Кочани, туку и пошироко.

С. Ивановски
72

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари