„Амор – Компани“ не само што донираше инвертер клима и LED телевизиски приемник на Општа Болница – Кочани, туку деновиве има цел  да донира и заштитни маски се со цел лекарите и медицинскиот персонал во Општа Болница – Кочани бидат заштитени а и пациентите на кои им недостасуваат заштитни маски.

„Амор – Компани“ како општествено одговорна компанија, со цел зголемување на квалитетот на услугата, како и грижа за своите сограѓани, во претходниот период донираше инвертер клима на Одделот за Радиологија во Општа Болница – Кочани, како и еден LED телевизор на Одделеот за Интензивна нега“ изјави Ненад Јовиќ менаџер на „Амор – Компани“.

Но овде не застануваат донациите, туку напротив продолжуваат и во овие кризни времиња.

За плановите на компанијата во тековниот месец Јовиќ конкретен „Конфекцијата Амор како дел од Амор – Компани  во наредниот период континуирано ќе изработува поголема количина на заштитни маски од кои првиот дел ќе бидат донирани на Општа Болница – Кочани, за заштита на медицинскиот персонал кој деноноќно се грижи за нашето здравје во овој кризен период“.

С. Ивановски

22

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари