Поради состојбата со коронавирусот Ковид 19 се застана, што ќе се одрази на севкупната економија во државата што пак ќе ги услови и идните плати на  вработените.

Во текот на вчерашниот ден до Владата беше упатен еден сет предлог-мерки за да државата колку-толку помогне во оваа состојба, се разбира во рамки на нејзините можности.

Меѓу оние на кои државата треба да им помогне се најдоа и спортистите за кои во тој сет мерки има предлог да им се во следните два месеци (Април и Мај) исплатат две минимални плати, односно на спортистите, спортските работници и и приватните спортски школи да им се исплатат месечно по 14.500,00 денари.

Сепак во целата оваа ситуација зачудува молкот од „куќата на фудбалот“. Челниците во ФФМ како да не знаат што се случува околу нив, или пак не се заинтересирани да се вклучат во кампањата за помош на оние за кои тие и постојат, фудбалерите и нивните тренери. Ниту досега излегоа со свое соопштение ниту со некаков предлог за решавање на оваа пат состојба во која се најде и фудбалот.

И врапците знаат дека ФФМ е најбогатиот сојуз во државата но за што, за кога и за кого ги чуваат средствата не е јасно.

Наместо претседателот и неговите советници во федерацијата излезат со соопштение или со предлог дека бидејќи и фудбалската игра е замрзната тие решиле да си ги намалат своите плати и други паушали освен минимална плата а дека разликата што ќе остане ќе ја уплатат на спортските клубови  како помош во нивни недостаток на приходи и драстично намалување на клупскиот буџет.

Се надеваме дека сепак разумот и кај нив ќе преовлада, и дека некој во ФФМ ќе се осмели да повлече вистински потег а тоа е намалување на платата на сите вработени, почнувајќи од претседателот, секретарот, администрацијата, селекторите и сите знаени и не знаени кои со години наназад си наплатуваа по разноразни основи од касата на ФФМ.

Господа од ФФМ, време е и вие да се вклучите во целата оваа лоша состојба во која за жал страдаат токму оние за кои и вие постоите.

Охрабрете се, нема светот да ви пропадне за две, три или неколку месечни големи плати. Земајте го и вие минималецот а другите средства насочете ги кон клубовите. Само така ќе бидете големи, или пак и понатака сакате да останете ситни души.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари