Дежурните служби поставени на пунктови според утврдениот план на МВР уште во првиот термин од воведувањето на мерката „Полициски час“ се соочиле недисциплинирани граѓани кои и овој пат се ставиле над законот.

Според МВР во период од 21:00 до 06:00 часот на територијата на Македонија 18 лица не ја почитувале мерката „Полициски час“ од кои најголемиот број се од Кочани, вкупно 6 (шест).

Останатите 74 кои во тој период биле на улиците во државата добиле опомена.

Дали и овој пат имињата на оние за кои не важат законите во државата ќе останат мистерија за граѓаните, исто како што беше и со имињата на пироманите кои во летниот период во општина Кочани подметнаа неколку пожари кои имаа катастрофални последици по шумскиот фонд.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари