Голема е загриженоста кај граѓаните во поглед на тоа дали сите лица кој дошле од странство се во самоизолација, дали се почитува самоизолацијата на лицата на кои им е наложена .Исто така голем дел од граѓаните бараат јавно објавување на идентитетот на лицата кој се во самоизолација се со цел да се избегнуваат контакти со истите и со нивни блиски!

Деновиве до нашата редакција дојдоа бројни пријави и барања на кој неможеме да и одговориме од причина што ние не сме надлежни за истото,но доколку надлежните институции не постапуваат по вашите барања можете да се обратите до нашата редакција се со цел да спречиме било каква злоупотреба и непочитување на препораките на Владата.

На бесплатната телефонската линија 0800 00 201 и мејлот mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk ќе можете да добиете соодветна информација во однос на функционирањето на услугите и сервисите на МВР во претстојниот период согласно состојбата со коронавирус и препораките на Владата.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари