Поради состојбата со Ковид 19 изостана годинешното свечено празнување на патрониот празник во чест на Љупчо Сантов и Раде Кратовче.

Сепак на скромен начин, со положување на свежо цвеќе од делегации од двете училишта  беше одбележан денешниот ден во чест на двајцата великани од НОВ.

Делегација од неколкумина положи свежо цвеќе на бистата на Раде Кратовче поставена во дворот на училиштето, додека тричлена делегација од СОУ „Љупчо Сантов“ положи свежо цвеќе на бистата во училиштето, во Паркот на Револуцијата и во Градските гробишта.

Нека им е вечна слава.

С. Ивановски

5253DSC_4780

DSC_4776

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари