Се намалува бројот на лицата од Кочани што се наоѓаат во самоизолација. По истекот на четиринаесетдневната забрана за контакт со општествената средина за дел од нив, тој број сега изнесува 108. Од нив 64 лица се од Кочани, четворица од Чешиново-Облешево и шестмина се од Зрновци.

Според Органот за внатрешни работи – Кочани, под посебен третман при изолацијата се наоѓаат возачите, од кои 24 се од Кочани, а 10 од Чешиново-Облешево.

Бројот на изолираните не се зголемува и поради немањето прилив на лица што доаѓаат од други земји.

Локалните служби секојдневно ги спроведуваат мерките за спречување и намалување на ширењето на болеста КОВИД-19. Територијалната противпожарна единица – Кочани изврши дезинфекција на 90 % од објектите за колективно домување или поточно на 26 згради и повеќе од 50 влеза. За оваа активност се обезбедени пумпи и доволни количини средство за дезинфекција. Дезинфекцијата се врши до највисоките катови, ракофатите на оградите на скалите, во лифтовите.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев повикува да се почитуваат новите мерки за ограничено движење на различните возрасни категории и сите да се однесуваат совесно, одговорно и грижливо кон јавното здравје. Исто така потсетува дека сите заклучоци на Владата во функција на преземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста КОВИД-19 важат до завршување на периодот на постоење на вонредната состојба во земјава.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари