Со цел да се спречи можноста за ширење на болеста КОВИД-19, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев иницира нова акција за дезинфекција на производните хали во кочанскиот приватен сектор.

„Подготвени сме да им помогнеме на стопанствениците, во чии простории се одвива производството, каде присуството на лица е големо, со тоа што ќе обезбедиме бесплатна дезинфекција на работниот простор. Акцијата ќе ја реализираме со Територијалната противпожарна единица – Кочани, за која обезбедивме и опрема и средство за дезинфекција. Потребно е компаниите да се пријават на телефонскиот број на командирот на Единицата, 072 275 686 за да се усогласат за терминот за дезинфекција“ соопшти градоначалникот Илијев.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари