Директорот на, СОУ Љупчо Сантов, Игор Христов: „СОУ Љупчо Сантов“ уште по првите препораки по прекинот на наставата размислуваше како да се одржуваат контактите со учениците во едукативна смисла. Подоцна добивме и задолженија од МОН. Потражме софтверско решение со кое онлајн наставата ќе продолжи од далечина, на што Фирмата „Течко Нет“ од Кочани ни излезе во пресрет и обезбеди цолокупно онлајн решени за организација и следење на наставата преку интернет. Вчеравечер заврши едукативниот дел на наставниот кадар. Се надеваме дека сето ова ќе заживее и ќе ги даде посакуваните резултати. Кризата дај боже побрзо да замине, а ова софтверско решение ќе овозможи и во иднина да се користи како ИКТ наставно помагало. Ние постоиме за нашите ученици, се надеваме дека со ова решение достоинствено ќе им се обратиме и да им посакаме побрзо и полесно да ги совладуваат зададените воспитно-образовни задачи од страна на нивните професори. Им порачаме да истраат во сета ова криза и да излеземе од истата со нови искуства, знаења, да бидеме здрави и истрајни“.

Директорот на СОУ „Гошо Викентиев“, Гоце Савев: „Самата појава на корона вирусот не натера сите да размислуваме практично што да правиме како решение, најлесно ни беше да се обидеме да спроведеме обука преку социјалните мрежи но по оваа идеја од страна на господинот Сашко и неговата компанија „Течко Нет“, да се имплементира веб платформа преку која што ќе може да се информираат учениците за секоја наставна содржина и слично. Одлучивме дека е одлична, не само како идеја во момнти на криза како што е ова, туки и како идеја за во иднина, бидејки самата наука, самиот процес на наука, би требало да се сведе да сите новитети и сите можности за откривање на научните достигнувања да бидат на отворено, односно да бидат достапни за сите, така да идејата да се создаде ваква платформа да се прикачуваат соодветни содржини за настава, за нас лично е одлична, а мене посебно како инжињер ме импонира фактот дека сите елементи кои се добри во наставниот процес можат да бидат поставени на таа платформа и може да бидат повикувани и подоцна во нормални услови, кога кризата ќе стивне, затоа што самата база на податоци дава можност да биде повикана во било кое време.

Сашко Андонов од „Течко Нет“: Како прво голема благодарност до директорите што ни ја дадоа довербата да ја имплеменетираме платформата за онлајн учење и да му помогнеме на едукативниот процес. Нашата компанија се занимава со развој, имплементација и подршка на онлајн решенија за различни области а една од тие области е и едукацијата. Кога се соочивме со предизвикот прекин на наставата се потрудивме да обезбедиме решение кое може да се имплементира брзо, ефикасно но истовремено решение кое ќе ги задоволи потребите на училиштата, исто така главна цел ни беш решението да може да се користи и во нормални услови на едукација. Платформата е прилагодена на потребите на нашиот образовен систем и јазик и истата е инсталирана на серверите на училиштата. До платформата може да се пристапи од било каде, но може да пристапат само регистрирани корисници, тоа значи дека сите професрои и сите ученици ќе се регистрираат во платформата, секој од нив самостално се регистрира со основните податоци како што се Име, Презиме и емаил адреаса. Може да кажеме дека голем дел од професотрие веќе се регистрирани а остатокот ќе се регистрираат што поскоро. По регистрацијата на професорите, администраторите од училиштата ги распределуваат на соодветните предмети кои веќе се поставени од наша страна, по што професорите започнуваат со оранизација на своите часови. Платформата е целосно прилагодена на нашите услови и дава можност секој професор самостално да си го организира часот онака како што и досега го правел, дали тоа ќе бие со директно пишување на предавањето/лекцијата во системот, со прикачување на ворд, пдф, паур поинт документ, видео презентација, или организација на онлајн тестирање зависи од самиот професор и неговиот начин на работа. Палтформат овозможува да секое предавање биде интерактивно со директна комуникација помегу учениците и професорот, на начиниот на кој тоа ќе го одбере професорот. Потребно е да се спомене дека сето ова останува во платформата и може да се користи и во понатамошната едукација, во било кој момент. Како што споменав платформата може да се користи и во редовната настава и би била едно дополнување и би овозможила да комуникацијата помегу професорот и учениците продолжи и по завршувањето на 40минутиниот час. Имено професорите ќе може да им задаваат домашни задачи на учениците кои треба да бидат решени онлајн а со тоа професорот веднаш да има увид кој и колу има сработено, или пак професорите ќе може да спроведат онлајн тестирање на учениците додека се присутни во училниците и веднаш да ги добијат резултатите од тестирањето, и уште што ли не. Вчеравечер завршивме една онлајн обука на околу 40тина професори, а продолжуваме понатаму неуморно со обуките и во наредните денови се со цел учениците што поскоро да се вратат во процесот на едукација. Нашата компанија стои целосно зад имплементацијата на платформата и ќе им овозможи обука и подршка на професорите се додека трае корона кризата а се разбира и подоцна за организација на новата учебна година. Се надеваме дека оваа криза ќе заврши што поскоро и сите од неа ќе излегнеме здрави, посилни, поискусни и пообразовани.

Течко Нет

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари